| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка за долг во с.Зрновци

Вчера околу 16,15 часот во с.Зрновци-Кочани, во близина на паркот, пред продавница настанала расправија за должничко доверителски односи помеѓу К.И.(53) и Б.С.(48), и двајцата од  с.Зрновци.

По расправијата, Б.С. отишол во својот дом од каде земал земјоделска алатка – сор, се вратил пред продавницата, и со истата замавнал и го удрил К.И. во пределот на главата, нанесувајки му расекотина, по што побегнал.

На  К.И. му е  укажана медицинска помош во ЗД Кочани, каде му е констатирана тешка телесна повреда,  скршеница на левата страна на черепот, а поради сериозноста на повредите пренесен е и хоспитализиран во Клиничката болница во Штип, каде му е извршено алкотестирање и е утврдено присуство од 2,12 грам-промили на алкохол во организмот.

Увид на лице место извршила екипа од ПС Кочани и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top