| четврток, 6 декември 2018 |

Закана со бомба во бензиска во Лешок

Ноќва во 01,50 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ во с.Лешок – Тетово, се јавило машко лице и на вработениот му рекол дека околу бензинската пумпа има поставено бомба.

На местото на настанот се упатени полициски службеници, а по извршената проверка констатирано е дека се работи за лажна пријава.

СВР Тетово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top