Општина Ресен почна со градежните активности за реконструкција на рекреативниот центар „Починалиште“, кој се наоѓа во близина на СОУ „Цар Самоил“ во Ресен.
Со овие активности, како што информира градоначалникот Ѓоко Стрезовски, предвидено е реновирање на повеќе содржини на овој рекреативен центар, како и изградба на нови содржини со што би се добило урбано уредено место каде преспанчани ќе имаат можност да се рекреираат и релаксираат.
– Со проектот ќе се реконструираат и обноват спортските игралишта кои ќе бидат осветлени, по должина на рекреативната петека ќе се постави ново осветлување, паркинг, ќе се изгради видиковец, ќе се постави урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, ќе се постави детски забавен парк и хортикултурно ќе биде уреден просторот, изјави Стрезовски.
За реализација на овој проект предвидени се околу 4,4 милиони денари, средства обезбедени преку проектите за регионален рамномерен развој преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Активностите треба да завршат до почетокот на мај, а изведувач е градежната фирма „Стентон градба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст