Овен – Реинкарнација
Овенот во животниот циклус означува минат живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонија и размислување. На Овните им се препорачуваат социјални професии преку кои можат да се подобрат себеси и да ја трансформираат својата егоцентричност.
Карма: Треба да живеете во сегашноста, да го испитате вашиот внатрешен живот, да медитирате, да пронаоѓате радост, да научите да го поднесувате животот и кога не е розов. Треба да заборавите на неуспесите и да гледате напред. Така Овните го откриваат тајниот клуч до универзалниот мир.
Бик – Создавање на духот
Бикот претставува раст, разбирање на мудроста. Заштитен е од Венера, земската љубов, мајката на убавината и уметноста. Создава сигурност бидејќи го има искуството од минатиот живот, но создавањето на духот го поттикнува на контактирање со својот внатрешен живот.
Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста туку сомнежот. Конзервативизмот можат да го победат со контролирање на својата енергија. Само така ќе најдат внатрешна сигурност.
Близнаци – Психичка и духовна еволуција
Во животниот круг претставуваат спознавање и интелигенција, дуализам: духовно-еволутивна свест и земско познавање на стагнацијата. Кај нив доминира Меркур, заради што се дружељубиви, вешти, пријатни, внимателни, љубопитни, темпераментни, интелигентни, лажливи, непостојани, со добра меморија, но ништо не спроведуваат до крај. Иако чувствуваат потреба да се развијат духовно, никогаш нема да пронајдат мир.
Карма: Нестабилни се, со осцилации во расположението. Ако во остварувањето на големите цели останат реални, ќе можат да ја совладаат својата контрадикторност. Треба да медитираат, да одлучуваат, решението на проблемот е поблизу одошто изгледа.
Рак – Раѓање на човекот
Претставува знаење, инкарнација на духот во физичкиот свет. Психичката инкарнација е при крај, почнува физичката. Симбол е на мајчинството, телото, чувствата, универзумот на жените. За да се заштити, ги држи сите околу себе како во затворена кутија. Во семејството пронаоѓа духовни вредности, но само по долга и трпелива медитација, кога конечно ќе сфати каде е изворот на животот. Премногу верува во вселената, сака да го продолжи детството, бара внимание, верност и непрекинато докажување на љубовта.
Карма: Посесивен е и сака да биде во центарот на вниманието. Многу е авторитетен и сите ќе побегнат од него поради стравот да не му паднат в раце.
Лав – Универзална свест
Претставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Човекот за него е срце, микрокосмос. Лавот учествува во материјалниот свет, сака успех и постојано докажува дека е водач. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата сите да му завидуваат, гурманството и сензуалноста.
Карма: Се чувствува како центарот на светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го наруши развојот на својата личност и да претера во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот разум. Кога тоа ќе се случи треба да застане, да слуша и да учи од другите. Треба да им служи на другите – само така ќе воспостави кохезија помеѓу неговата свест и реалноста.
Девица – Материја, работа, физички свет
Девицата сака да се врати во детството. Со неа доминира Меркур. Односите кои ги гради се двојни, истовремено и прима и дава. Со години го развива критичкиот дух, па затоа има приговор кон сè и никогаш не е задоволна. Проблемот лежи во тоа што е претерано големо злопамтило. Затоа пак во анализирањето, Девицата е многу непристрасна.
Карма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава со себе и да почне да се грижи за другите. Треба да се отвори кон идеалите на хуманоста.
Вага – Чувствителна експанзија
Вагата бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата ќе ѝ се намали само во случај да пронајде некој на кој ќе му се допадне. Има мирен темперамент, активна е и не претерува – среќна комбинација во општествениот живот. Треба да го пронајде универзалното знаење.
Карма: Ова е најнестабилниот знак во Зодијакот, кој се одликува со голема чувствителност. Може да се вивне во височините, но и да ја уништи динамиката. Рамнотежата ќе ја најде ако не дозволи да се затвори во сопствената статика и одлучи да ризикува и да се вознемири самата себе.
Скорпија – Желба за вечен живот
Скорпијата е конфликт помеѓу духот и материјата, привлечна е, мора да им служи на задоволствата на луѓето. Скорпијата се движи за да освојува. Желбата за живот ѝ е продолжена, се карактеризира со себичност, убавина, сензуалност и посесивност. Сака да ужива во земските страсти, а ја привлекуваат духовните работи. Може да се изгуби во неконтролирани телесни импулси. Со својата критика уништува, се плаши од смрт. Негативните Скорпии се уништуваат самите себе.
Карма: Треба да научат да ја штедат енергијата, да не претеруваат и да не ја сопираат страста. Исто така треба да ја контролираат својата деструктивна страна.
Стрелец – Етапа на созревање
Претставува победа во борбата помеѓу духот и материјата. Задоволен е. Кога ќе одлучи да престане да дели правда по светот, ќе добие сила да постане протагонист на Божјиот закон. Може да живее во општествениот живот и да еволуира однатре. Сака да поседува материјални добра, ужива во земскиот успех, но е великодушен. Му се заканува враќањето назад.
Карма: Не би требало да се обидува да дознае сè по секоја цена, не смее да ја губи енергијата расфрлајќи се на милион работи. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Не треба да се троши таму каде што не е потребно.
Јарец – Познавање на супериорното знаење
Успехот доаѓа низ искушенија. Сиромавиот (просјакот, пророкот) го поседува клучот за познавање на границите на земската духовност, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целта на својот пат, работи во тишина, издржува во времето, живее во самотија. За да се развие треба да контактира со луѓето.
Карма: Сака да се наметнува, што може да иницира циничен деспотизам на мегаломанија. Енергијата треба да се насочи кон небото, кон спиритуалното знаење. Само така може да се навлезе во срцето на случувањата.
Водолија – Свесен избор
Водолијата кон другите е свртена со грб, презема одговорност врз себе, одговара за своите постапки, таа е возрасен човек. Нема илузии и не може да ги затвори очите пред стварноста. Управува сама со својата карма, таа е вистински пријател, и треба да работи во област која ѝ дозволува да дојде до израз нејзиниот општествен интерес. Во Водолијата се соединети сите енергии: дуалност и внатрешни конфликти. Таа е иницијатор, бесмртник, го познава интелектуалниот механизам на духот, се дава себеси, што луѓето често знаат да го ценат.
Карма: Во себе има огромно богатство од љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе ја напуштат и изневерат, дури и најдобрите пријатели. Не можат сите да ја разберат големината на Водолијата. И многу љубов понекогаш може да биде погубна.
Риби – Враќање на светлината
Рибите претставуваат синтеза на повторното раѓање. Тие се деца на морето, живеат во океанот. Сами се, но обединети се со универзумот. Добро се снаоѓаат со божественото, а притоа не ја губат својата индивидуалност. Треба да ја отворат вратата која води кон универзумот.
Дванаесеттиот знак е симбол на смртта бидејќи личноста се збогува од телесниот материјален живот и навлегува во водите на универзумот. Кога ќе престане физичкото дишење, се создава ново тело. Циклусот е завршен, човековото тело е пред смртта, но духот и менталното тело започнуваат нов циклус на учење сè додека духот не се прочисти и ослободи.
Карма: Треба да се препуштат на морето за да можат да стигнат на врвот на брановите. Долгиот пат кој го започнуваат ќе биде полн со тешкотии па затоа треба да го одберат оној најлесниот. Низ љубовта ќе доживеат комплетна емоционална обнова.
Извор: Kaфепауза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.