Со одлука на Фросина Ташевска Ременски 44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Tоа се 44 семејства повеќето oд ромска националност кои егзистираа од нивниот ангажман како хигиеничари повеќе од 6 месеци изминатиот период во Прифатниот центар за мигранти.
Техничката министерка за труд и социјална политика го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица, односно наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти – членови на СДСМ.
Ременски доследно се придржува на ветувањата дадени од Зоран Заев уште во декември 2010 до партиското членство дека дека доколку сакаат да бидат власт ќе влезат тимски од „хигиеничар” до „министер” во секој ресор во државата.
Овие 44 вработени-хигиеничари по наредба на техничката министерка се бркаат без никакво образложение во Прифатниот центар за мигранти кај Гевгелија. На нивно место Ременски вработува 36 членови на СДСМ кои ќе ги плаќа Министерството за труд и социјална политика.
Постои голем револт кај Ромите кои се избркани од работа и најавуваат протести во наредниот период и блокирање на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија при што, како што ни изјавија, ќе направат целосен застој во Прифатниот центар и ќе спречат да се одржува хигиената во центарот како и да влегуваат и излегуваат лица од него.
Ова се дел од активистите од ОО СДСМ Гевгелија за кои дојдовме до податоци, а кои Ременски ги згрижува:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст