| четврток, 6 декември 2018 |

СМК повикува на мирен протест пред МВР

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) синоќа упати јавен повик за мирен протест пред Министерството за внатрешни работи во Скопје на 5 март 2016 година (сабота) во 13 часот.

– СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на Крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела. СМК, исто така, апелира до Министерството за внатрешни работи да ја отстрани блокадата од група Албанци предводени од дел на раководството на ДУИ на кружниот тек кон Градските гробишта и да обезбеди нормален сообраќај за верниците кои одат на гробовите за големиот христијански празник Задушница, стои во соопштението од СМК.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по ова соопштение апелираше до граѓаните кои ќе излезат на денешниот протест да се однесуваат мирно и одговорно.

Соопштението на партијата ви го пренесуваме во целост:

ВМРО-ДПМНЕ го разбира гневот и револтот на граѓаните, бидејќи истите се сведоци дека техничкиот министер за внатрешни работи не стори ништо за да ја заштити нивната безбедност и да обезбеди владеење на правото во Општина Бутел, иако тоа му е обврска и за тоа е платен од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ апелира сите оние кои ќе излезат и ќе го поддржат граѓанскиот протест кој се најавува за денес, да се однесуваат мирно и одговорно, со сиот респект кон државните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top