Тотално неточна и невистинита е информацијата дека Владата ја поништила одлуката за поставување на крстот во населбата Бутел, реагираат од Владата.
– Не е донесена таква одлука вчера воопшто и немаше седница. Во целост ја демантирам таквата шпекулација – вели Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.
Активистите на ДУИ синоќа околу полноќ почнаа да го растураат кампот поставен на местото каде што општина Бутел планира да изгради крст. Од Партијата велат дека се повлекуваат за да им овозможат на православните христијани утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница, но ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст