Имено, некогаш популарната пејачка Ким Вајлд, неодамна била забележана во лондонската подземна железница, во свое, и не толку ѕвездено издание.
Пејачката, која што во 1982 година се прослави со хитот “Kids In America”, денес е 52 годишна госпоѓа која многумина веројатно не би ја ни препознале доколку таа не одлучила да изведе песна со која барем за миг би си го вратила ѕвездениот статус.
Секако, Ким Вајлд и понатаму е ѕвезда, а оние кои што ја препознаваат, и понатаму се среќни кога ќе ја видат. Така, Катерин Емес, напишала: “Ким Вајлд и нејзиниот брат Рики им испеаја серенада на патниците. Имав навистина ужасен ден, влегов во метрото и не можев да пронајдам слободно место. Во еден момент, мажот ја извлече гитарата и рече: “Одиме!”. Тогаш, пијана жена започна да пее, а јас останав вчудоневидена кога сфатив дека станува збор за Ким Вајлд! Тоа ми го разубави денот. Ти благодарам! Таа е апсолутна легенда!”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензација во Белград: Црвена Ѕвезда го совлада големиот Ливерпул (Видео)
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Шпанија без еден од клучните играчи на Европскиот шампионат (видео)
-
Може да си дозволи што сака, но Мбапе одлучи да живее на старото место