Сопартијци на канцеларката Меркел во северната покраина Шлезвиг Холштајн побарале регионалниот парламент да усвои декларација за заштита на свински колбаси кои што исчезнуваат од менијата на јавните институции за да не се навредуваат муслиманите кои што поради верски причини не козумираат свинско месо.
Весникот „Осттуринген цајтунг“ пренесува дека покраинските пратеници на ЦДУ идната недела во парламентот ќе водат дебата по декларација со која свинското месо останува на менијата во јавните институции вклучително и во училиштата и градинките затоа што тоа е „нераздвоен дел од германската култура“.
Пред една недела на градилиште на нова џамија во близина на Дрезден десничарски активисти фрлија свинска глава во знак на протест против големиот број на бегалци муслимани кои што доаѓаат во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.