| четврток, 6 декември 2018 |

Ујгури – тајното оружје на џихадистите

Ујгури, туркијски народ кој претежно живее во Кина односно во автономната покраина Синкјанг во се поголем број доаѓа во Сирија да се бори на страната на терористите.

Кинеските Ујкури така станаа тајното оружје на милитантите кои се борат против режимот на Дамаск, пишува италијанскиот весник „Ла стампа“.

– Ги има илјадници. По долгото и опасно патување преку Авганстан, Централна Азија и Турција, тие доаѓаат во Сирија, се разместуваат по планинските села кои се напуштени и ги контролираат најзафрлените и стратешки најважни позиции во провинците Идлиб. Оваа миграција се објаснува со сојузот со фронтот Нусра, кој ја контролира скоро целата територија на провинците Идлиб, како и притисокот од страната на Кина и Пакистан во оквирот на нивната заедничка антитерористичка операција. Тоа ги поттикна исламските милитанти да го напуштат Хиндукуш. Умерените бунтовници се плашат дека присуството на Ујгурите може да доведе до преминување на Кина на страната на Русија во сиријскиот конфликт. Извори во владата на Сирија говорат за зајакнување на групата за осигурување на безбедноста во амбасадата на Кина и Дамаск и за пристигнување на тим на кинески војни специјалисти – пишува весникот.

Многу Ујгури стигнале во Сирија со семејството и тоа е сигнал дека сакаат да останат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top