| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележани годишнини од смртта на браќата Манаки

Комуната на Власите – Арм’ните „Браќа Манаќа“ денеска во Битола одбележа 62 години од смртта на Јанаки Манаки и 52 години од смртта на Милтон Манаки.

Годишнината од смртта на доајените на филмската уметност на Балканот и патрони на комуната на Власите-Арм’ните беше одбележана на Влашките гробишта во Битола.

– Делото на браќата Манаки е за секоја почит, и со тоа што го направија ја здолжија Битола. Почитта кон делото на браќата Манаки, нашиот град го потврди со изградбата на киното „Манаки“ во строгиот центар на Битола. Ова кино во оваа градежна сезона ќе биде целосно завршено и во таа смисла наскоро ќе почне поставувањето на ентериерот во киното – посочи градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top