| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на Катастар за недвижности: Не е вистина дека не сакаме да соработуваме со СЈО

Агенцијата за Катастар на недвижности е една од најтранспарентните институции во Република Македонија. Не е вистина дека Агенцијата за Катастар на недвижности не сака да соработува со Специјалното јавно обвинителство – изјави директорот Славче Трпески.

slavce-trpeski

– Сите податоци со кои располага Агенцијата се јавно достапни преку веб страната. Исто така Агенцијата за Кастар на недвижности неодамна овозможи имотен лист, копија од план и други податоци да може да се озбезбедат преку Интернет. Конкрентно со Специјалното јавно обвинителство сите предмети, сите барања што се доставени до Катастарот се одговорени во законските рокови. Ме чуди една ваква изјава дека Катастарот одбива да соработува со СЈО – посочува Трпески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top