Актерката Кеси Браун била ангажирана од страна на холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, кој минатата недела конечно освои „Оскар“ за најдобра машка улога. Ди Каприо ја ангажил во 2003 година за време на снимањето на филмот „Авијатичарот“.
Во разговор за „Хафингтон пост“ таа изјави дека таа и Лео секогаш добро се забавувале на снимањето.
– Сакавме да ги набљудуваме луѓето и да имитираме разни карактери. Некогаш глумевме дека Лео е само уште еден славен лик кого го следат вообичаени стереотипи и кога ќе ме замолеше да направам нешто, јас му се обраќав со: Да, господине, како вие ќе кажете господине. Дали сакате уште нешто господне? И тој само со насмевка ќе ми се обратеше: Кеси, откачи се – изјави Кеси.
Работејќи со Лео таа ја запознала и неговата друга страна – тој ја обожава Ноќта на вештерките бидејќи може слободно да излезе во костим и да се дружи со луѓето без некој да му досаѓа за нешто. Кеси вели дека тој има изграден став за политиката, одличен познавач е на историјата и на поп-културата.
– Тој е многу образован и нормален човек кој сака да се дружи и да разменува искуства со други луѓе – вели Кеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.