Светлана Ражнатовиќ пред два дена отишла на Новите гробишта во Белград во 15 часот во придружба на обезбедувањето. Со себе носела три корпи цвеќе, од кои најголемата ја ставила на гробот на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
Популарната фолк-пеачка запалила свеќа за својот непрежален сопруг и воздивнала, а потоа седнала на клупата покрај гробното место за да може да ја гледа неговата биста.
И во таа прилика, Цец се потрудила да изглед беспрекорно, затоа што таква ја памти Аркан – како убава и дотерана жена. По половина час, Цеца ги напуштила гробиштата со наведната глава.
– Човек никогаш не може да ја преболи саканата личност! Со тек на време научуваме да живееме со таа силна болка. Како јас, така и нашите две деца – изјавила Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.