Иако низ годините сешто се зборуваше и пишуваше за Аркан, сепак во еден магазин Цеца реши да си ја отвори душата и да раскаже се за својот покоен сопруг.
– За него слушнав и се изначитав се, дека бил опасен, дека недај Боже ако не му се допаднеш веднаш те претепува, па потоа зборувате. Не е вистина. Јас во својот живот не сум сретнала похрабар и подобар човек – изјави Цеца.
Фолкерката додава и дека перфектно говорел пет јазици, ја прочитал целата светска книжевност. Бил интелигентен, храбар, но и нежен со жена.
– Тоа ви го потпишувам, јас која поминав пет години со него. Дома беше право бебе – вели Цеца.
Цеца вели дека не го познавала светот на криминалот пред него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.