| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски: Не ги делам девојките според бојата на косата

Познатиот македонски пејач и победник во првата сезона на „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, сними видеоспот за песната „Само за љубав“, во кој има сцени како пејачот се забавува со 30 убавици во кревет, пренесува српски „Блиц“.

– Атмосферата на снимањето на спотот беше одлична. Во него улога добија над 30 девојки, а на гитара, на бас и на тапани во спотот исто така свират девојки. Сигурен сум дека мажите ќе уживаат додека го гледаат овој спот, а жените ќе ја препознаат искрената емоција која ја носи оваа песна – изјавил Кајмакоски.

На прашањето дали повеќе сака црнки или русокоси, Даниел искоментирал:

„Не ги делам девојките по бојата на косата“.

На прашањето дали неговата девојка се лутела што речиси цела ноќ ја поминал на снимањето со многу манекенки, Кајмакоски изјавил:

„Немам девојка, а и кога сум во врска, важно ми е поубавата половина да ми верува. Нема причина да биде поинаку.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top