Истражен судија им одреди 30-дневен на петмина од шестмината осомничени за аферата „Меркатор“, меѓу кои двајца скопски адвокати и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Управителката на една од фирмите е пуштена да се брани од слобода и одземен и’ е пасошот. Притвор е одреден и за двајцата осомничени за аферата кои се во бегство, еден словенечки државјанин и еден управител на фирма.
Според МВР, сите се обвинети за перење на повеќе од милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.