| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш по посетата на Груевски, на терен излезе екипа за санација на свлечиштето на Радин мост во Кратово

кратовоНа последната посета на Кратово, и средбата со граѓани што ја имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше посочено како проблем појавеното свлечиште на Радин мост, кој преставува заштитен споменик на културата, како и реставрација на тунелите со кој се поврзуваат самите мостови, кои се главна туристичка атракција.

За подземните ходници ќе се работи секоја година парцијално, со што по нивното комплетирање ќе бидат вистинска туристичка атракција – истакна Груевски.

А што се однесува до свлечиштето, Груевски посочи дека ќе побара да бидат испратени екипи од управата за заштита на културното наследство.

Веднаш на терен излегоа инспекциските служби од Управата за заштита на културното наследство, кои направија увид во настанатото свлечиште. Нивната стручна констатација е дека свлечиштето настанало под влијание на временските услови, но дека, сепак, мостот е безбеден за пешаци и за возила.

Раководителот на инспекциската служба од Управата за заштита на културното наследство Билјана Бачкова – Куфујанакис  изјави:

Следно што преостанува увид да изврши и националниот конзерваторски центар по што ќе се пристапи и кон санација на самото свлечиште што и беше барање на самите граѓани.

Мо­стот бил по­диг­нат и пу­штен во упо­тре­ба на 16 сеп­тем­ври 1833 го­ди­на, а упра­ву­ва­ње­то со град­ба­та му би­ло до­ве­ре­но на то­гаш­ни­от скоп­ски го­ле­мец Хав­зи-паша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top