| четврток, 6 декември 2018 |

Бркотница кај тунелите на Демир Капија – напикал 13 емигранти во еден автомобил

Вчера во 13.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелите на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но на даден знак, возачот не застанал и продолжил со движењето.

Полициските службеници успеале да го пресретнат возилото во близина на с. Криволак.

Во возилото биле пронајдени 13 емигранти од Пакистан, а на околу 1.000 метри од возилото бил фатен и возачот А.Ф. (26) од с. Блаце, Скопско.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, кој дал насока на македонскиот државјанин да му биде поднесе кривична пријава, а емигрантите да бидат сместени во прифатен центар за странци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top