Вчера во 16.15 часот во ПС-Тетово, З.Р. (65) од тетовското с.Нераште, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Тетово, пријави загрозување на сигурноста.
Во 15.07 часот во Основниот суд во Тетово, по објавување на пресуда против обвинет од Скопје, една од присутните му пришла и со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајки му се дека ќе има работа со неа. На ова реагирал обвинетиот, кој успеал да ја оттргне од обвинителот.
По барање на судијата, интервенирала судската полиција и ја отстраниле од судницата, но не ја обезбедиле за понатамошна постапка, односно истата ја напуштила судската зграда.
Се работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.