Автор на Монографијата за Чифлик – село во општината Чешиново-Облешево, е Славица Цветкова, новинар и публицист од Кочани.
– На 120 страници низ педесетина фотографии е отсликан животот во оваа населба, една од најстарите во полскиот дел на кочанската котлина. Цветкова со голема умешност го слика животот од дамнина до денешни дни, раскажувајќи ја приказната за жителите на ова село, на традициите кои се негувале во минатото, но и за перспективите, истакна на промоцијата Иван Котев, еден од рецензентите на монографијата.
Вера Анастасова, рецензент и раководител на Роднокрајното одделение при Кочанската библиотека, рече дека Цветкова со овој публицистички труд ги зачувала од заборав традициите на неговите жители низ минатите години, а оставила и белег во историјата, етнологијата, земјоделството, спортот и културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.