Доколку Хрватска ги затвори границите за емигранти, постои можност од оваа пролет бегалците да тргнат по нова балканска маршрута, преку Босна и Херцеговина, изјави министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, јави „Танјуг“.
-Се додека мигрантите кон Европа се движат преку Хрватска, ова сценарио е нереално- рече синоќа Лукаќ за РТРС.
- Доколку се случи мигрантите да тргнат низ БиХ, единственото што можеме да го сториме е да ги транспортираме низ нашата територија, бидејќи за било какво задржување БиХ не е подготвена- порача Лукач во емисијата „Печат“.
Заменик министерот за безбедност во БиХ, Мијо Крешиќ, вчера во Сараево изјави дека ЕУ мора да стори се да не дојде до некоја нова мигрантска рута, која, како што кажа, би можела да влијае врз стабилноста на значителен број земји во регионот. Крешиќ е уверен дека мапата на наводната нова рута од бегалскиот бран од Сирија кон Европа, чии автори се некои западни медиуми, нема да му се допадне никому бидејќи низ БиХ водат „непристапни терени, ридови и долини“.
- Целта на мигрантите кои доаѓаат од Сирија и со војна зафатените подрачја, се ветените земји, земјите од ЕУ, а не БиХ. Сметам дека ЕУ мора да стори се да не дојде со некоја нова мигрантска рута, која може да влијае врз стабилноста на значителен број земји во регионот- рече Крешиќ, а пренесоа медиумите во БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти