Два ферибота со околу 650 бегалци и емигранти од грчките острови денеска пристигнаа во Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина.
Во меѓувреме, грчките власти соопштија дека грчко-македонската граница во изминатите 24 часа ја преминале 320 бегалци. Тампон зоната моментално повторно е затворена. Во Идомени и околината, каде што има 10 илјади бегалци и емигранти, условите денеска се особено тешки поради вчерашните обилни врнежи.
Грчките власти информираа дека во Грција во моментов се заглавени околу 32.000 бегалци и емигранти по одлуката на Австрија и четири земји од поранешна Југославија драстично да го намалат бројот на емигранти кои транзитираат преку нивните територии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти