| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ и Турција близу до спогодба за реадмисија на сите несириски емигранти

eu

Европската унија е близу до спогодба со Анкара, што ќе предвидува реадмисија на сите несириски емигранти од грчките острови назад во Турција, информира грчкиот сајт „Њуз“, повикувајќи се на весникот „Фајненшел тајмс“.

По неколку недели тешки преговори и притисок од страна на Брисел и на Берлин, турскиот премиер Ахмет Давотуглу, се чини, дал одобрение Турција да ги прими несириските емигранти и да ги засили своите активности против шверцерите со луѓе.

И покрај тоа што спогодбата сè уште не е сигурна и нејзината примена тешко ќе оди, тоа може да се покаже како долгоочекуваната пресвртна точка во бегалската криза, додавајќи една нова динамика на стратегијата што досега претрпи неуспех што се однесува до ограничувањето на бегалските приливи во Егејско Море, пишува „Фајненшел тајмс“.

Британскиот весник, повикувајќи се на двајца дипломати запознаени со вчерашните преговори, уште тврди дека Турција, исто така, се согласила да ги прифати сите емигранти што ќе бидат спасени од силите на НАТО во Егеjско Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top