| четврток, 6 декември 2018 |

Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев (ФОТО)

protsti-butel-640x366-42091

Група демонстранти на протестот предводен од ДУИ насилно ги бутнаа тарабите на местото на кое се гради 55-метарски крст во скопски Бутел и почнаа да поставуваат албански знамиња и шатори во кои ќе кампуваат. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити изјави дека не планираат да се тргнат од местото. Демoнстрантите запалија и една палма.

satori-butell-640x409Вака изгледа Бутел вечерва. Сценариото е речиси исто на она од пред Влада минатата година, кога СДСМ крена камп среде булевар. Она што вчерва го прави ДУИ на осветеното место каде треба да се гради крст минатата година го правеа Зоран Заев и неговите сопартијци. Вечерва вжештените глави од ДУИ ги копираа постапките на Заев. И тие, како и опозициониот лидер одлучија да прават политика и да собираат ситни политички поени со веќе прочитани деструктивни постапки. Луѓе поттикнати од опозицијата дивееа пред Влада, рушеа огради и на крај се стационираа среде Булевар. Вечерва се рушеше оградата, се затрупа осветеното место каде што требаше да никне крстот, се поставија шатори.

zaev
Граѓани од Чаир со насилство и дивеење окупираа дел од Бутел, а пред неколку месеци Заев собра граѓани од повеќе градови од Македонија да го окупираат Скопје.
zaev-alb-zname-pred-vlada

На денешниот протест се вееја албански знамиња, но немаше македонско знаме, а на протестот на СДСМ во месец мај исто така се вееја албански знамиња и пароли со кои Заев се фотографираше. Пред Влада музика пуштаа политичарите – ДЏ Андреј Жерновски, ДЏ Шилегов… Вечерва пратеникот Артан Груби, придружуван Абдулаќим Адеми, Беким Незири и Талат Џафери, на разглас со албанска музика ги забавуваа демонстрантите.

Она што вечерва се случува во Бутел во повеќе сегменти наликува на протестот кој СДСМ и Заев го организираа кампувајќи пред Влада.

Во првите редови на денешниот протест заедно со Меџити беше и Бекир Асани. Во меѓувреме, МВР денеска излезе со соопштение дека Бекир Асани кој од страна на Тодор Петров беше посочен дека го нападнал и го удрил во саботата после осветувањето на крстот, не се појавил во полициска станица на информативен разговор, бидејќи бил на погреб. Сепак за МВР случајот со нападот на Петров е разрешен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top