| четврток, 6 декември 2018 |

Фифти Сент прогласи банкрот, а има 64 милиони долари

Раперот Фифти Сент во јуни минатата година прогласи банкрот но таа негова постапка очигледно беше со цел да го избегне плаќањето на долгови, затоа што тоа го покажува барем неговата имотна карта.

50-cent-3

Според „Дејли меил“, раперот и натаму има повеќе пари од долгови. Тој во судските документи наведе дека неговото богатство изнесува 50 милиони долари, но дека толку изнесуваат и неговите долгови, па поради тоа е принуден да прогласи банкрот.

Но, како што објави британскиот весник кој дојде до судските документи, не само што Фифти нема проблеми со ликвидноста, туку неговото богатство вкупно изнесува 64 милиони долари, додека долговите се околу 36 милиони долари.

Освен тоа, тој и натаму има месечни примања од 184.000 долари, а исто така поседува и 10 милиони долари во акции и фондови. Исто така, судските проценители откриле дека само на банкарската сметка, раперот има 44 милиони.

Судот на Фифти му наложи да плати 7 милиони долари оштета на поранешната девојка затоа што неовластено објавил секс снимка на интернет. Исто така изгуби парница тешка 17 милиони долари, што мора да му ги исплати на поранешниот партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top