Бурниот живот и промени во изгледот на Бритни Спирс беа во фокусот на јавноста уште од почетокот на нејзината кариера, но најновата фотосесија покажува дека поп-ѕвездата изгледа подобро од кога било.
Имено, пејачката сними фотосесија за V magazine, чии фотографии ќе ја красат насловната страница на 100-то издание на ова списание.
Секси фотографиите се направени од реномираниот фотограф Марио Тестино.
Секоја од трите фотографии ќе се најде на насловната страница на магазинот, што ќе издаде три различни верзии на овој јубилеен 100-ти број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.