Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 4 март 2016 година, ќе читате:
Интервју: Митко Чавков, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи
Спасовски го растура МВР
Целосно е суспендирана законски утврдената организациска и функционална поставеност на МВР и поделбата на политичко, стратегиско и тактичко ниво проследено со дефокусирање од стратегиските приоритети на МВР, посочува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков, кој говори за хаос, правна несигурност, внатрешни хајки со конструкција на случаи, директно мешање во истраги и во закани врз професионалците, за тоа што се случува во МВР откако во него влезе Оливер Спасовски, кој, пак, нема намера да застане со партизација на Министерството во моменти на сериозна безбедносна закана поради очекуваната ескалација на бегалската криза.
Опозициски болести
Етномазохизам
Етномазохизмот што го поттикнаа челните луѓе на СДСМ, го прифатија опозициските медиуми, квазиекспертите и аналитичарите, кои веќе подолго време во континуитет ги понижуваат македонските граѓани обраќајќи им се со погрдни зборови (глупави, идиоти, стоки, цепаници недоделкани, будали…) Следбениците на радикалната струја во исто време отворија фронт со сите неистомисленици на секое поле – влегоа во војна со медиумите кои не се под нивна контрола, им се закануваат на банкари и на бизнисмени, се испокараа со речиси сите идеолошки истомисленици за кои националните интереси сè уште се поважни од личните и од партиските, ги отфрлија дури и сопартијците од СДСМ за да ја „убијат“ секоја прогресивна мисла внатре во партијата која го загрозува исполнувањето на нивното радикално сценарио… Од целото граѓанско општество останаа во добри односи само со подземјето и со криминалците кои ќе го очекуваат својот дел од колачот по целосното разбивање на државниот систем.
Катица како смоквин лист за Заев
Смоквите поважни од „Пуч“
Интересно е што пред точно еден месец во истата оваа рубрика на „Република“, во текстот „Специјална фабрика за афери“ политичкиот аналитичар Александар Пандов улогата на Јанева ја опиша како, верувале или не, но смоквин лист. „За огромна жал на цела македонска јавност, специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ја презедоа улогата да бидат смоквин лист на Зоран Заев и на СДСМ. Место да го ангажира целиот свој тим во наоѓањето одговор на основното прашање – кој и за чии цели го прислушувал државниот врв на РМ, прашање што го интересира секој граѓанин, таа, гледаме, се зафатила со мафијашки методи на изнуди, идентични како и на нејзиниот ментор, Зоран Заев…“- изјави тогаш Пандов за „Република“. Дали Јанева и СЈО буквално ја сфатиле пораката, па сакале од шумата од смокви да ги искористат илјадниците листови за да ја сокријат голотијата на нивните случаи и предмети, како таа во „Титаник“? Веројатно ни тоа не држи вода, поради фактот што Катица аплицирала за смоквини насади уште во септември 2015 година. Поверојатно, таа знаела уште од самиот старт со што и со кого си има работа, па уште од тогаш, превентивно, подготвувала многу смоквини листови за да ја затскрие голотијата на предметите за кои имала индиции дека нема да држат вода.
Уште една препорака за преговори
ЕП без дилеми за Македонија
Одложеното гласање на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент донесе очекувана препорака за отворање преговори за членство на Македонија во ЕУ и неочекувано лесна дебата меѓу европратениците. Резолуцијата, која содржи седма континуирана препорака Македонија да започне преговори со ЕУ, покрај цементирање на 5 јуни како датум кога треба да се одржат избори во земјата, донесе и „примерно поведение“ на вкупно 11 европратеници од Грција и од Бугарија, кои претходните години знаеле да предизвикаат конфликти и да користат говор на омраза кон Македонија.
Земјава пред нов градежен бум
Градежниците барани како суво злато
Зголемувањето на активностите што се очекуваат годинава, ќе придонесат за уште поголем развој на градежништвото. Особено радува фактот што домашните фирми реализираат комплексни проекти со сопствени ресурси. Сепак, се очекува да има уште поголема потреба од работници, па дури да се јави и недостиг, поради што ќе мора работна сила да се „увезува“ од странство – велат градежниците.
Американското разузнавање предупредува
Половина свет е пред дестабилизација
На сослушувањето пред американскиот Конгрес, директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапeр, изјави дека во 2016 година дури 59 држави се под сериозна закана од нестабилност. Вкупниот број земји кои се соочуваат со кризна ситуација е преку 113 или речиси половина од вкупниот број држави и признати територии на светско ниво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст