| четврток, 6 декември 2018 |

Сека Алексиќ ја напушта Србија

сека

Атрактивната пејачка Сека Алексиќ, која е во раната фаза на бременост реши српската престолнина на некое време да ја замени со австриската.

-Сека реши да се породи во Виена. Веќе со години живее на релација Белград-Виена, а сега  со оглед на медиумското внимание во кое се најде поради својата бременост, таа сака деновите од бременоста да ги помине мирно во главниот град на Австрија- вели извор на српски Блиц.

Според истиот извор, Сека не ја симнува насмевката од лицето и не сака ништо да ја поремети нејзината среќа.

-Ужива во секој слободен момент. Често оди во Виена, бидејќи бременоста и ја водат тамошните лекари. Кога ќе завршат со обврските кај лекарите, Сека со сопругот шета по Виена, каде разгледуваат облека за бебето, но уживаат и во секојдневните пиења кафе, ручеци-вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top