| четврток, 6 декември 2018 |

„Лада“ се заби во бетонски столб, повредени двајца

Вчера во 3.00 часот во Прилеп на ул.„Карпалак“ се случила сообраќајна незгода со возило „лада“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост и управувано од З.В. (47) од Прилеп. Возачот загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Во незгодата З.В. и сопатникот Р.И. се здобиле со тешки телесни повреди и се задржани на натамошно лекување во ОБ во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top