Краткиот филм „Влакна“ на сценаристката и режисерка Елеонора Велинова ја освои наградата за најдобар трилер на Канадскиот интернационален филмски фестивал во Ванкувер.
Филмот ќе биде прикажен на 9 април годинава, заедно со останатите добитници во другите категории.
Краткометражниот „Влакна“ е трилер – приказна за детективка која истражува убиство на мало девојче со влакно како клучен доказ. Филмот е во продукција на „Партес“, по сценарио и режија на Елеонора Венинова.
Главните улоги во филмот ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ, а играат и Слаѓана Вујошевиќ, Марија Арсенкова и Трајче Црвенов.
Продуцент на филмот е Небојша Илијевски, директор на фотографија е Димо Попов, автор на музиката е Дејан Спасовиќ, сценографијата е на Филип Велковски и на Никола Анѓелковски, монтажата на Бошко Столиќ, а изборот на костими го направи Верица Андреевска – Спасовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст