Поранешниот играч на Реал Мадрид, Стив Мекманаман, кој две сезони ја делеше соблекувалната со легендарниот Зинедин Зидан, истакна дека е изненаден што Зидан стана прв човек на „кралевите“. Тој откри дека Зизу како играч бил многу тивок, но истовремено врвен професионалец, кој напорно работел на тренинзите.
– Никогаш не би поверувал дека Зидан ќе биде тренер, и тоа на Реал Мадрид. Затоа што додека играше за „кралевите“ не беше играч кој го има крајниот збор. Мислев дека Фернандо Јеро ќе стане тренер на Реал, затоа што беше вистински лидер, и знаеше да зборува шпански. Впрочем, Јеро беше нашиот тренер на теренот. Кога Зидан дојде во Реал не зборуваше шпански и беше многу тивок. Беше неверојатен фудбалер. Ќе дојдеше, ќе го завршеше тренингот, и ќе си заминеше дома. Тој е дефинитивно човек кој не им вика на своите играчи, но, има големо знаење и бара почитување – се сеќава Стив Мекманаман.
Англиското крило настапуваше за Реал Мадрид од 1999 до 2003 година, и за тој период одигра вкупно 152 натпревари, и 14 пати се запиша на листата на стрелците во сите конкуренции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар посвоил три деца од сосетка на умирање, а потоа следело вистинско изненадување! (видео)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)