Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на денешната прес-конференција во Брисел со норвешката премиерка Ерна Солберг, говорејќи за бегалската криза го употреби уставното име „Македонија“ за нашата држава.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јункер потсети и на посетата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Балканот.
– Ние не само што се грижиме, туку и многу сме загрижени за тоа што се случува таму. Беше предвидливо дека ова ќе доведе до голема хуманитарна криза во Грција. Утринава усвоивме план за итни потреби со помош од 700 милиони евра за Грција во борбата против оваа хуманитарна криза. Претседателот на Европскиот совет, господинот Туск има тура во Македонија, Србија и други земји како Турција и ние ќе му се посветиме на ова прашање следниот месец, изјави Јункер.
Сепак, она што го истакна вечерва Јункер не остана незабележано и од европските медиуми. Па, така, италијанската агенција „Нова“ објави дека првиот човек на неформалната Влада на Европската унија „направил гаф“ со употребата на „Македонија“ наместо „поранешна југословенска Република Македонија“, што според Италијаните е „официјално име на земјата признаено од Обединетите нации“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст