| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ ја нарушува приватноста: Има намера да ги лоцира сите луѓе на светот!

Иако многумина предвидуваа дека со текот на времето популарноста на Фејсбук ќе опадне, најголемата социјална мрежа на светот и натаму секој ден е се посилна, бројката на корисници константно расте, а челниците на компанијата се неуморни во креирањето на новите опции и услуги. Според најавите од Фејсбук, главната цел е да се поврзат сите луѓе на светот преку internet.org а за да се успее во тоа, потребно е да се дознае каде живеат сите луѓе на светот.

Една од таквите опции е уникатната мапа на светот, врз чија што основа Фејсбук има намера да ги лоцира сите луѓе на светот. Притоа Фејсбук нема да користи само готови решенија како на пример што е случај кај Google Maps, туку во една од своите лаборатории Фејсбук веќе започна со изработка на најдеталната мапа на светот.

За изработката на своите мапи, Фејсбук веќе изработиле сателитски снимки од 20 земји на светот, а изработени биле речиси 15 милијарди фотографии од висока резолуција, притоа покривајќи површина од нешто повеќе од 22 милиони квадратни километри. Според изјавите на членовите на лабораторијата која се занимава со овој проект, станува збор за најдеталната сателитска мапа која што е направена некогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top