Узбекистанката Гулчехра Бобокулова (38) која го шокира светот шетајќи низ Москва со главата на мало девојче во рацете, на првото судско сослушување признала дека го убила девојчето, а потоа му ја отсекло главата, пишува рускиот весник на англиски јазик „Москоу тајмс“.
Бобокулова, која е мајка на три деца, работела во станот на едно московско семејство како дадилка. Во критичниот ден, таа почекала родителите да заминат на работа, а потоа го убила четиригодишното девојче кое ѝ било доверено на чување, му ја отсекло главата, а потоа подметнала пожар во станот.
Облечена во хиџаб, таа дошла до метро-станицата „Октјабрское полје“ и од торбата што ја имала со себе, ја извадила главата на девојчето, извикувајќи „јас сум терорист – јас сум вашата смрт“.
Кога дошла полицијата да ја уапси и побарала да ја идентификува, им се заканувала на полицајците дека на себе има елек како бомбаш-самоубиец и дека ќе ја активира експлозивната направа, но тоа, сепак, не се случило.
Засега не се знае што е мотивот за ова сурово злосторство, но истрагата на руските власти тврди дека таа дејствувала сама и дека никој друг не е осомничен.
На првото сослушување, според московскиот весник, тврдела дека тоа што го направила било „наредба од Алах“.
Властите што ја водат истрагата објаснуваат дека Бобокулова страдала од тешко ментално нарушување, но не е јасно како успеала да најде работа како дадилка и никој да не забележи дека нешто не во ред со неа.
Поранешната советска република Узбекистан, сега независна држава во Средна Азија, со големо мнозинство муслиманско население, и порано, а и сега претставува извор за работна сила во Москва, па многу Узбекинстанци привремено или трајно се наоѓаат на работа во рускиот главен град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст