До крајот на оваа година околу 40 згради во Општина Карпош ќе добијат термоизолациски фасади, а оваа општина ќе биде првата во градот Скопје која што ќе почне со гасификација, го информираше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Општина Карпош.
Груевски најнапред разговараше со жителите на улицата „Теодосиј Гологанов“ каде е веќе започнато ставањето на термоизолација на зградите, за што жителите изразија големо задоволство.
Груевски беше информиран дека фасадите на сите згради кои гледаат кон булеварот „Теодосиј Гологанов“ ќе бидат обновени во следниот период, исто така дека спроти поранешна „Алумина“ ќе биде изградена црквата „Кузман и Дамјан“, а во овој дел од општината Карпош ќе биде изграден и парк со плоштад.
Градоначалникот Јакимовски смета дека во следните 10 години ќе бидат обновени фасадите на сите згради во Општината.
Груевски направи увид на градежните работи на новата зграда на Општината Карпош, а потоа ќе ја посети и населбата Влае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст