Можеме слободно да претпоставиме дека кога спиете носите барем неколку парчиња облека, но сега е вистинското време да ја смените таа навика.
Научниците ги наведуваат овие пет причини поради кое е добро да спиете голи:
1.Хигиенски е – спиењето во пижами го зголемува создавањето на габи и бактерии особено кога фино и топло ќе се завиткате во ќебе. Кога спиете голи го проветрувате вашето тело и допуштете циркулација на воздух што пак ги намалува шансите за проширување на бактериите.
2.Ќе изгледате поубаво – сигурно сакате да ви биде топло и удобно додека спиете, но всушност многу е важно да ја балансирате температурата на телото со температурата на просторијата, бидејќи така го подобрувате ослободувањето на мелатонин и хормонот на раст кои се главните хормони во борбата против стареењето на кожата.
3.Поубаво ќе спиете
Телото има тенденција кога ќе дојде во РЕМ фаза да ја спушти температурата на телото и со самото тоа сонот ќе ви биде подлабок, поубав и поквалитетен
4.Поквалитетен љубов живот
Доколку спиете со партнерот, контактот со кожа ќе го зголеми ослободувањето на окситоцин од хипофизата што ја зголемува желбата за секс.
5.Може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми
Поради тоа што температурата на телото е спуштена, нивото на кортизол останува низок. Кортизол, хормон од семејството на кортикостероиди кои настануваат во кората на над бубрежната жлезда, попознат како „хормон на стресот“. Високо ниво на кортизол во телото, по будењето, може да предизвика зголемена желба за јагленохидратитекои се една од главните причини за дебелеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.