Голема тема на расправа на една фејсбук група предизвика неодамнешниот настан во Задар каде една мајка доживеала непријатно искуство со мајката на една соученичка на нејзината осумгодишна ќерка, јавија хрватските медиуми.
Девојчето било покането на роденден кај соученичката, а за подарок и однела ваучер во вредност од 200 куни во H&M (10 куни – 1.30 евра)
Мајката на девојчето кое го славело роденден видливо останала многу разочарана од подарокот кој го добила нејзината ќерка, па ваучерот од 200 куни ги вратила назад со несекојдневна порака.
Таа се заблагодарила и напишала дека никогаш не влегла во споменатата продавница, затоа што тоа не е нејзино ниво и поради тоа го враќа ваучерот.
Таа освен тоа додала дека нејзината ќерка напишала што сака од секого, а од таа пријателка посакала Лего замок на Елса, кој чини околу 700 куни.
Разумното девојче таа желба не и ја спомнала на својата мајка и го однела подарокот ваучер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст