| четврток, 6 декември 2018 |

Во Драмски и без струја играа претставa, публиката им помогнала на актерите со мобилните телефони

Додека половина Скопје потона во мрак, во Драмски театар се играше претставата.  На средина на претставата, публика со светлината од нивните мобилни телефони им помогнала на актерите да ја доиграат претставата.

“И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!?

Еве зошто:

– Игра и кога снемува струја,
– Публиката одбива да замине од претставата и ги пали светлата на мобилните телефони за да можат актерите да добијат осветлување на сцената
– Актерите го доиграа првиот дел од претставата испратени со овации, објави на својот Фејсбук профил Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар во Скопје. 

 Од атмосферата на Фејсбук фотографија сподели и актерот Драган Спасов Дац.
dramskiselfie-640x480

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top