| четврток, 6 декември 2018 |

Балканските држави ќе соработуваат во контрола на бегалскиот прилив

Macedonia, Serbia, Croatia restricting migrants on Balkan routeПретставници на полициите од државите долж балканската бегалска рута денеска во Белград постигнаа договор за соработка во контролата на мигрантскиот прилив, јавија српските медиуми.

Директорите на полициите на Македонија, Србија, Австрија, Словенија и Хрватска на средбата оценија дека контролата на границите во регионот е од клучно значење за спречување на илегалната имиграција и за пропуштање само на оние лица кои имаат право да бараат азил во земјите-членки на ЕУ.

Учесниците на средбата заклучија дека заедничката контрола на мигрантите е неопходна со цел да се утврди кои од нив можат да продолжат по рутата кон западните земји.

В.Д. директорот на српската полиција Владимир Ребиќ изјави дека на средбата не било разговарано за утврдување на квоти на бегалци кои ќе бидат пропуштани низ балканската рута, туку за начините за спречување на злоупотребите на мигрантскиот прилив.

– Мигрантскиот прилив претставува ризик за безбедноста, нагласи Ребиќ.

Построгите правила за минување на границите што ги воведоа државите долж балканската рута, го успорија движењето на бегалците кон север, поради што илјадници мигранти останаат заглавени во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top