| четврток, 6 декември 2018 |

Бридлав: Терористи секојдневно влегуваат во Европа заедно со бегалците

бридлавВрховниот командант на силите на НАТО во Европа, Филип Бридлав предупреди денеска дека терористи, криминалци и странски борци секојдневно влегуваат во Европа заедно со бегалците.

Тој во американскиот Конгрес истакна дека движењето на тие опасни елементи е „замаскирано“ со приливот на бегалци.

Според Бридлав, екстремистичката група Исламска држава „се шири како канцер меѓу бегалците“, а при тоа користи патишта каде се соочува со најмал отпор, заканувајќи им се на европските земји и САД со терористички напади.

Бридлав на членовите на Воениот комитет на Сенатот им изјави дека движењата на бегалците треба внимателно да се следат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top