Општина Богданци започна со реновирање на Домот на културата во Стојаково со финансиска помош од Владата…
Реновирањето е преку Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини.
Од Општината информираат дека зафатот опфаќа санација на кровот, целосна замена на столаријата во објектот, реконструкција на просториите во влезниот хол, еден кат од објектот и приземјето на јужното крило.
Во кино салата ќе се санираат оштетените делови од плафонската и подната подлога каде ќе се постави нов теписон, а ќе се инсталира и ново сценско осветлување.
Целта на оваа капитална инвестиција која изнесува 5,9 милиони денари, е да се создадат услови за подигнување на културниот живот во Стојаково и обезбедување простории за разни таргет групи и активности поврзани со потребите на жителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.