| четврток, 6 декември 2018 |

Во НУБ се одржа симулација на вежби за подигнување на свеста за читањето кај учениците

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ денеска, први март, се одржа симулација на вежби за подигнување на свеста за читањето кај учениците…

Настанот е во рамки на вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“.

Осврт за американската книжевност даде Вера Сотировска која се фокусираше на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери.

– Денеска имавме симулација на неколку вежби за учениците од ОУ „Св. Кирил и Медодиј“ за подигнување на свеста за читањето. Читањето е метакулмитивна вештина, не е пасивна, многу е активна, а децата покажаа што знаат и го извлековме најкреативното од нив, истакна Сотировска.

Ред Бредбери се вбројува меѓу класиците на американската научно-фантастична книжевност. Негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“ и „Марсовските хроники“.

Љубителите на пишаниот збор имаа можност да ги разгледаат и да ги купат книгите од американските писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“.

Во текот на годинава во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top