Наставните програми по Кембриџ за предметите математика и природни науки, кои сега се применуваат од прво до шесто одделение, од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и во деветто одделение, а од следната година и во средните училишта.
– Минатата година Владата донесе одлука да се продолжи со наставната програма по „Кембриџ“. Досега резултатите се одлични, и од аспект на квалитет на програмата, и од аспект на задоволство од самиот „Кембриџ“ од каде доаѓаат и даваат свое мислење за тоа како се спроведува и дали тие се задоволни од начинот на кој нивните програми се спроведуваат во Република Македонија – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Со целосното воведување во основното, а потоа и во средното образование, сите предмети поврзани со математика и со природните науки ќе бидат согласно со програмите на „Кембриџ“.
– „Кембриџ“ е веројатно најголемиот снабдувач на квалитетни учебници во светот. Неговите учебници се користат во голем број држави, најчесто во приватни училишта, но во некои држав се преземаат и системски во државните училишта, како што е во Република Македонија. Ова е еден од најдобрите потези што досега ги имаме направено, затоа што генерира знаење, креативност кај учениците и генерира поквалитетни генерации кои доаѓаат во иднина – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст