Легендата вели дека рецепти за маски за лице од морков се пронајдени во Тутанкамоновата гробница, а познато е дека Египќаните сокот од лимон го користеле за балсамирање.
Едноставна и евтина рецепта
Сварете два до три големи моркови, згмечете ги и измешајте со 3 – 4 големи лажици мед. Нанесете на лицето и оставате да делува околу десетина минути по што треба да ја измиете смесата од лицето со студена вода. Се користи еднаш неделно, а ефектите се видливи по првото користење.
Маска од морков за намалување на лузни од акни
Морковите се одлични за намалување на лузните од акни и отстранување на црвенилото на кожата бидејќи се богати со витамин А. Земете еден голем морков и сомелете го во бендер за да добиете хомогена смеса. Ако смесата е ретка можете да додадете малку брашно за да ја добиете саканата густина. Нанесете ја маската на лицето, посебно на инфицираните делови, оставете ја да делува околу десет минути и измијте ја со млака вода.
За маска против брчки, потребен ви е сок од моркови, жолчка од јајце и неколку капки маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на вашето лице и врат. По час и половина, исплакнете го лицето со млака вода.
За освежувањена тенот
Измешајте еден изрендан морков и јаболко. Смесата нанесете ја на лицето и држете ја околу 20 минути. Оваа маска ќе ви ги отстрани заморот и акните од лицето, а можете да ја применувате секој втор ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.