| четврток, 6 декември 2018 |

Подметнат пожар во возило во Тетово

Ноќеска во 01.50 часот во ПС-Тетово Е.Л. (41) од Тетово пријавил дека непознат сторител подметнал пожар во неговото возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано пред влезната врата на неговата куќа.

Опожарена е внатрешноста на возилото, а непосредно до него е пронајдена црна пластична канта, која најверојатно ја користел сторителот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top