Стока со непознат царински статус во вредност од 947.440 денари и избегнати царински и други давачки во износ од 278.924 денари, се утврдени при контрола на компанија од Битола – имател на одбрение за царинска постапка, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.
Против компанијата, како и против одговорните лица во компанијат, е поведена соодветна постапка.
Врз основа на законски овластувања, Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Битола на 24, 25 и 26 минатиот месец извршила вонредна теренска контрола кај компанијата од Битола, имател на одобрение за царинска постапка „увоз за облагородување со систем на одложено плаќање“, со цел утврдување на фактичката состојба во магацинот за репроматеријали.
При контролата на компанијата, во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а чиј управител е лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста што ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата. – Се работи за 286,11 квадратни метри кожа од јагне, 1.273 квадратни метри постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми крзно од лисица во парчиња, пет парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за шиење, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст