Се градат забавен парк, летниковец и мини пазар во новиот центар во Кавадарци, позади зградите познати како „Лепотици”. Од кавадаречката локална самоуправа денеска изразија задоволство што локацијата која во минатото беше претворана во депонија, сега добива сосема поинаков лик.
– Партерно се уредува овој простор кој најпрвин беше планиран за деловно трговски центар. Но, по реакциите на околните жители, се донесе одлука локацијата да биде искористена за одмор и рекреација граѓаните, како и за мини пазар во кој ќе пазаруваат кавадарчани кои живеат во овој нов дел на Кавадарци, информираа од општината.
Оттаму појаснија дека летниковецот е изграден со помош на средства од Вардарскиот плански регион. Партеното уредување ќе чини 1,5 милион денари. Уште толку се планира да се инвестираат во хортикултура. Во тек е тендерот за осветлување на овој простор и за изградба на мини пазар. За три до четири месеци овде ќе биде изграден мини пазарот за кој трезгите се веќе набавени.
Се работи и на други локации во општината, од локалната самоуправа најавија дека секој погоден момент ќе се користи за комунална изградба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст