Една од најбараните манекенки на светот, Џиџи Хадид, чекореше на пистата на Модната недела во Милано, а на себе носеше версаче-фустан со длабоко деколте, кој ѝ ја откажа послушноста и ја откри нејзината гола дојка. Откако нејзиниот „инцидент“ стана хит на интернет, Џиџи се огласи преку Твитер и на сите им порача дека често се случуваат такви работи.
-Незгоди со облеката на модните писти се секојдневна работа. Но ајде подобро да зборуваме за ѓерданот на Версаче – напиша манекенката, која доби само комплименти поради начинот на кој се однесувала на ревијата по незгодата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.