| четврток, 6 декември 2018 |

Kajмакоски од недела во ново реално шоу

Од оваа недела, 6 март, повторно ќе може да навиваме за македонскиот пејач Даниел Кајмакоски. Како што пренесувааат српските медиуми, тој ќе биде натпреварувач во третата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“.

Иако се шпекулираа многу имиња, меѓу другото беше најавено дека Тијана Дапчевиќ ќе биде дел од шоуто, Кајмакоски веќе ги подготвува кореографиите за првиот настап.

Покрај Даниел ќе настапуваат пејачите Никола Роквиќ и Халид Муслимовиќ, актерот Богољуб Митиќ-Џоса и комичарот Неша Бриџис, пејачките Ивана Петерс од „Негатив“, Дара Бубамара, Катарина Остројиќ-Каја и Салвица Чуктераш, како и водителката Ана Михајловски Грубин.

Тројца постојани членови на жирито ќе бидат водителот Иван Ивановиќ, пејачот Владо Георгиев и пејачката и победник на првата сезона на шоуто Ана Кокиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top